
Поради планирана интервенција на водоводната мрежа, утре, 28 септември, без вода ќе останат корисниците на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Општина Аеродром.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување водоводен приклучок со профил Ф-150 мм на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ бб, во близина на полициската станица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
Од ЕВН Македонија информираа дека утре без струја ќе останат корисниците на три скопски општини, прочитајте повеќе тука.