Утре без вода и струја ќе бидат делови од Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека на ден 22.02.2023 година (среда) поради уличен дефект на ф110 во с. Љубанци (улицата под разервоарот) прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.7, ул 1 и ул 5 С Љубанци и викенд населба Љубанци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот  до завршување на дефектот. (општина Бутел)

ЕВН Македонија информира дека на ден 22.02.2023 година (среда) без електрична енергија ќе останат:

во период од 8:30 -15:00 часот, с.Бујковци, с. Бучинци, с. Мршевци, Мобимак с. Мршевци, горниот дел од село Ајватовци, с. Грушино, Мобимак (општина Илинден).