Утре без вода и струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје,  врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:

Поради технички зафати во електро дистрибутивната  мрежа,  на ден 24.01.2023 година (вторник),  без електрична енергија ќе останат  следните корисници:

- Во период од 10.00 - 14.00 часот дел од ул. Џумајска о. Карпош;

- Во период од 09.00 - 11.00 часот Трубарево улиците 1, 2 и 7 и ул. Вера Јоцич околу црквата Св. Ѓорги Победоносец о. Гази Баба;

- Во период од 09.00 - 14.00 часот дел од Александар Македонски од бр. 30 до бр. 49 о. Ѓорче Петров.

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 24.01.2023 година (вторник), без водоснабдување од 09.00ч. ќе бидат корисниците од о. Бутел и тоа:

Поради водоводен приклучок ф-300 мм на ул. 2 Визбегово (Њу Стар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово (о. Бутел). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.