Утре без вода една улица од Кисела Вода и една од Бутел

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок на ул.Есенинова бр.13 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Есенинова.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со приклучокот. 

Поради уличен дефект ф-400 мм на ул. Бутелска бб (до Општината), прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од ул. Бутелска, односно непарните кракови од 1-27 и парните кракови од 1-6.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.