Утре без вода една скопска улица

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје за утре најавија прекин на една скопска улица. 

Од скопски Водовод информираат дека утре (вторник) поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на ул.Партениј Зографски бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Партениј Зографски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите.