Утре без вода делови на општина Бутел

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека в недела, поради дефект на неколку затворачи со димензија ф-400 мм, на улицата Бутелска бб (во близина на блокара Орашец), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Бутел 1, потегот кај расадникот „Радишани“ и улицата Босна и Херцеговина-Скопје Север.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 до 15 часот во општина Бутел.