Утре без вода дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за локациите на кои утре (04.10.2022, вторник), ќе нема вода:

-Поради дефект на затварач од ф - 80 мм на ул. Скупи б.б – кај Техно Комерц, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Скупи, објектот на Аџибадем Систина, околните објекти и Момин Поток. (Општина Карпош)