Утре без вода дел од општина Центар

Најавен е прекин на водата на неколку улици во центарот на градот, меѓу кои и дел од улица Македонија. 

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека на ден 05.05.2021 год.(среда), поради дефект на затварач (Шибер) со пречник од  Ф 100мм на ул.Димитрие Чуповски бб ( пред министерство за Правда ) нас.Центар, прекинато водоснабдување  ќе  имат  корисниците  од ул.Никола Вапцаров, дел од ул.Димитрие Чуповски и дел од ул.Македонија   во време од 08:00часот  до завршување на работата. (општина Центар);