Утре без вода дел од населба Аеродром

Поради испитување на водоводна мрежа на ул.„Васко Карангелевски“ бб, во населба Аеродром, утре без вода ќе бидат корисниците од Касарната во Аеродром, Воениот хотел и Воениот базен.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08.00 часот до завршување на испитувањето.  

Телефон за информации: 023073010.