Утре без струја повеќе делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре (недела) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 04.00 до 08.00 часот, корисниците од с.Волково, с.Кондово, с.Горно и Долно Свиларе, с.Грачани, с.Радуша, с.Дворце, с.Копаница, с.Рашче, с.Бојане, с.Сарај, с.Глумово, с.Грчец, с.Шишево, с.Арнакија, с.Паничари, с.Раовиќ, с.Ласкарци, с.Љубин, с.Буковиќ, с.Матка, Карпош 3, Карпош 4, дел од Влае, дел од Хром, Момин поток, Злокуќани, дел од Козле, дел од Нерези и Тафталиџе (општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров).