Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од викендичките во с. Долна Матка (општина Сарај)

Во периодот од 8:00 до 16:00 часот корисниците од селата Драчевица, Цветово, Мала Река, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Вртекица, Пагаруша, Долно и Горно Количани, фирмата „Принцес“ во Мала Река и предавателот на Т-мобиле во с. Цветово (општина Студеничани).

Во перидот од 9:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Саса бр. 18 (општина Кисела Вода).

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 во с. Батинци (општина Студеничани).

Во периодот од 8:05 д 10:35 часот корисниците од фирмите Колид, Анета, Електроводомонт, Даниел Рухти, ИГМ Циглана, ТИПО, Европа 92, ЗИК Момин Поток, Астекс, Графика, Еуротехника, МАККАБ, ИГМ Вратница, АЛМА М, Медика, УНИ Компани, трафостаниците на воена пошта Мал Логор, ВП 2 и ВП 3, Еуробулс, Слободанка, Мусли Компани, БЛИФ, Хисар и Гипсар (општина Карпош).

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Пандил Шишков бр. 3 (општина Аеродром).

Во периодот од 8:30 до 12:00 часот корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик, Грушино, Бучинци, Мршевци и Бујковци (општина Илинден).

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од броевите 35 и 4 на ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).