Утре без струја неколку улици во Гази Баба и Карпош

Заради изведување технички зафати во електро-системот на Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба и Карпош.

Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД, во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од улиците „Александар Турунџов“, „Рокомија“ и „Иван Манолев“, во Општина Гази Баба, а во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. „Џумајска“ во Општина Карпош.