
Утре, 26 октомври, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без струја ќе останат корисници од делови на Студеничани и Аеродром.
Во Студеничани, од 8:30 до 15:30 часот, без напојување ќе бидат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и дел од Долно Количани.
Прекинот во Долно Количани ќе ги опфати корисниците кои се напојуваат од трафостаницата „Долно Количани 2“ – Долно Маало Поле.
Во Аеродром, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен од 9:00 до 14:00 часот на улицата „Христо Татарчев“.