
Повеќе делови од Скопје утре, 5 ноември (четврток), ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Прекин на водоснабдувањето е најавен и за дел од Општина Центар.
Во Кисела Вода, од 8:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, на потегот од маркетот „Зур 5“ до крајот на улицата, кај Салата на Јеховините сведоци.
Во истата општина, од 8:30 до 12:30 часот, прекин е планиран и за дел од корисниците на улицата „Димо Хаџи Димов“, од раскрсницата со улицата „Марко Орешковиќ“ до крајот на улицата.
Во Чаир, поради технички зафати во трафостаницата „Стара чаршија 2“, од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Дичо Зограф“, „Јорганџиска“ и „Макариј Фрчковски“. Прекинот ќе ги опфати и црквата „Свети Спас“ и Националниот конзерваторски институт.
Во Гази Баба, од 9:15 до 11:30 часот, без струја ќе остане дел од населбата Колонија Идризово, поради планирани работи во локалната трафостаница.
Прекин на водоснабдувањето е најавен и во Општина Центар. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџи Митков“ б.б., од 9:00 часот без вода ќе останат корисниците на улицата „Стефан Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работните активности.