Утре без струја делови од Сарај, Центар, Илинден и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 30.11.2022 година (среда), без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 08:15 до 10:30 часот, корисниците дел од с.Глумово, Шишево и Матка. (Општина Сарај)
-Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците дел од ул.Партениј Зографски, од бр.65 до бр.77 (Општина Центар)
-Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците дел од ул. 531 и дел од ул. 532 (Општина Илинден)
-Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.Хераклеја, ул. Никола Пушкаров, ул. Браќа Чакреви (Општина Ѓорче Петров).