Утре без струја делови од општина Гази Баба

Поради технички зафат во електро-системот во градот Скопје, утре без струја ќе бидат делови од општина Гази Баба.

-Во периодот од 07:45 до 15:30, без струја ќе останат дел од корисниците во населба Стајковци и тоа улиците „Ванчо Велковски“, ул.со број 5, со број 6, бр.8, ул со број 9, бр. 10 и „Алија Авдовиќ“ под ул со бр.4, во општина Гази Баба, информираат од РЦУК Скопје.