Утре без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.04.2022 година (четврток) поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија без напојување ќе останат:

- во периодот од 08:30 до 15:00 часот, дел од корисниците од ул. Kичевска,ул.Воин Драшковиќ, ул. Злате Михајловски,ул.Ибе Паликуќа, ул.Манчу Матак и објектите на ФАРМАХАМ. (општина Карпош)

-во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од ул. Славчо Стојменски (општина Кисела Вода)

- во периодот од 10:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. 16 (општина Сопиште)

- во периодот од 11:00 до 13:00 часот, градинката ,,Срничка“ (општина Аеродром)