Утре без струја делови од неколку скопски општини

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од неколку скопски општини, информираат од РЦУК.

Во периодот од 09:00 - 15:00 часот без струја ќе бидат делови од село Бојане, во општина Сарај, а од 09:00 – 14:00 часот дел од село Буковиќ во општина Сарај и дел од село Орман во општина Ѓорче Петров.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улиците „Кленоец“, „Клепа“ и „Владимир Каваев“ во општина Ѓорче Петров, од 08:30 – 11:00 часот дел од ул. „1“ во село Горно Соње во општина Сопиште, од 08:30 – 14:00 часот подулица 2 од ул. „Мите Богоевски“ и од 12:30 – 15:00 часот корисниците од ул. „Мите Богоевски“,  во општина Аеродром.