
Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, утре, 31 август, без електрична енергија ќе останат делови од Радишани, во општина Бутел.
Прекинот е најавен во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а без напојување ќе бидат корисниците од дел од улицата „34“ и дел од улицата „26“.
Според информациите, прекинот е потребен поради замена на околу 250 метри електричен вод и други зафати на мрежата во овој дел од населбата.