Утре без струја делови од Аеродром и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД пристигна известување дека за ден 01.06.2020 год. (понеделник), се планирани следните технички зафати во електро-системот во градот Скопје:

09:00-12:00 чсот  без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Тодор Чангов, подулици:35; 37; 39: 46 и 48. (општина Аеродром)

08:30-15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисницит на дел од ул.10 и ул.19 во с.Бардовци. (општина Карпош)

11:00-14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците  од ул.Миле Поп Јорданов. (општина Карпош)