Утре без струја делови на Гази Баба и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Боривое Милошевски, ул.Вера Радосављевиќ. (Општина Гази Баба ), и

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот корисниците од: ул. „14 ти Декември“ бр. 1 и 3, ООУ „Круме Кепески“ и останатите локали во кругот на ООУ „Круме Кепески“(Општина Кисела Вода)