Утре без струја дел од општините Илинден, Чаир и Сопиште

Без струја утре ќе бидат дел од општините Илинден, Чаир и Сопиште, информираат од РЦУК Скопје.

– Во периодот од 9 до 14 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од почетокот на село Мралино, делот кон село Кадино во општина Илинден, објектот на фурна „Сирма” и корисниците од ул.„Самоилова” од бр.23 до бр.53. во општина Чаир. Додека, пак, во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата во село Долно Соње, корисниците лоцирани кон Брзовец во општина Сопиште, се наведува во соопштението од РЦУК Скопје.