Утре без струја дел од корисниците во Скопје

Поради технички зафати во електро - мрежата  утре од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Румена Хаџипанзова“ во  општина Кисела Вода, а од 09:45 до 11:30 часот  од реонот кај Градинката во Белимбегово во општина Илинден.

Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје соопшти дека утре од 9 до 13  часот ќе нема струја и кај дел од корисниците кај крстосницата на бул. „Јадранска Магистрала“ и ул. „Момин Поток“ во општина Карпош.

Без струја утре од 9 до 15  часот ќе останат и дел од корисниците од улиците „Нов Живот“ и „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари, од 8:30 до 13:30 часот дел од корисниците од улиците „Финска“ и „Пролетна Офанзива“ во општина Гази Баба,  а од 8:30 до 15:30 часот  корисниците од селата Бучинци и Грушино и објектот на Мобимак Грушино во општините Илинден и Арачиново.