Утре автобусот со број 50 нема да поминува под ГТЦ

Утре автобуската постојка во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.

„Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец.

Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ“, се вели во соопштението на ЈСП.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.