Усвоени четирите реформски закони предложени од Министерството за дигитална трансформација

Усвоени 4те реформски закони предложени од Министерството за дигитална трансформација, сподели денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„Денеска, Собранието ги усвои четирите клучни закони од реформската агенда предложена од Министерството за дигитална трансформација - столбот на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста во Македонија, истакна Андоновски во својата објава.

Како што објасни, законите ќе донесат и поефикасна размена на информации меѓу институциите, зголемена интероперабилност на јавниот и приватниот сектор, полесна изградба на дигиталната инфраструктура, дигитален паричник и електронска архива.

Во објавата тој искажа благодарност до Комисијата за дигитална трансформација и сите пратеници од мнозинството во Собранието за поддршката.

„Со донесувањето на овие закони, обезбедуваме над 19 милиони евра од Реформскат агенда. Средства за проектна реализација на дигиталната трансформација. Република Македонија е пионер во регионот во примената на најновите регулативи на Европската Унија во областа на дигиталната трансформација, посочи министерот.