Усвоена програмата за изградба на спомен-обележје на Тоше во Крушево

Владата ја усвои предлог-програмата за користење средства за изградба на спомен-обележје на Тодор Проески во Крушево.

Владината прес-служба соопшти дека со оваа програма средствата обезбедени во буџетот ќе се префрлуваат на Општина Крушево.

Програмата беше разгледана на владина седница по предлог на Министерството за култура.