Уставен привремено го укина мораториумот за градба во Центар

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, кој се однесува на 31 ДУП и ја опфаќа територијата на речиси цела општина.

Уставен, на барање на Стопанската комора на Севернозападна Македонија и Градежната комора,  требаше да одлучува дали мораториумот е уставен или не. Додека да го сторат тоа, донесоа привремена одлука со која се укинува мораториумот додека да се донесе конечна одлука за неговата уставност.

Со одлуката за привремено укинување на мораториумот, Општината ќе може да издава градежни дозволи на инвеститорите врз основа на постоечките планови. Мораториумот за градба во Центар траеше 1,5 година, а со оваа одлука беа запрени постапките за издавање на одобренија за градење кои се во границите на урбанистичко-планските документации опфатени во деталните урбанистички планови.