Успешно заврши третата Еуролинк зимска школа по уметничко лизгање

На 21 март оваа година заврши третата по ред зимска школа по уметничко лизгање организирана од страна на Еуролинк Осигурување.

Овој проект традиционално се одржува во март и веќе над 100 деца имаа можност да ги учат основните техники на уметничкото лизгање.

Годинешната Зимска школа по уметничко лизгање помина во најдобар ред и со многу забава и насмевки кај најмладите, кои активно се забавуваа и учеа три недели. На завршната претстава, која се случи вчера, учесниците покажаа што научиле последните три недели, а родителите на младите лизгачи беа импресионирани од претставата која беше подготвена со многу труд и љубов.

Еуролинк заедно со професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштшењски Симиќ на сите учесници им додели сертификат за завршената зимска школа по уметничко лизгање со надеж дека љубовта кон овој спорт ќе продолжи преку усовршување на техниките, а можеби за некои од нив ќе стане професионална определба.

Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“.