Успешна потрагата по украден автомобил во Скопје

Уште една успешна „операција“ на македонската полиција, пронајден автомобилот кој беше пријавен за украден на 31 декември.

Од полиција велат дека во 07 часот и 40 минути од страна на полициски службеник пријавено е дека на улица Марк Твен пронајдено е возило Опел Кадет со скопски регистарски ознаки, кое било пријавено за одземено во Полициска станица Аеродром на 31.12.2017 година.

Извршен е увид на местото на настанот.