„Успехот на МЗТ во АБА лигата немаше да се случи без навивачите“, истакна Муцунски и најави интересни новини поврзани со МЗТ

Во денешното гостување кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров, Муцунски потенцираше дека е израснат во Аеродром и знае што значи МЗТ за жителите на оваа општина.

„Клубот сега има одличен тим и заслугата за успесите е на тимот, раководството и играчите, ние како градоначалници и политичари треба да даваме поддршка за нивните проекти. Успехот во АБА лигата немаше МЗТ да го постигне без навивачите на „Фемили“. Пред нас во следната сезона се многу интересни и важни натпревари“, кажа Муцунски во интервјуто. 

Тој додаде дека редовно комуницира со нив, бидејќи тие се дел од Аеродром и луѓето кои ја градат спортската култура.

„Спортот е шоу бизнис и мора да се анимираат луѓето за да бидат во сала. Освен задржување на најдобрите играчи, важно е да се анимира публиката да има атмосфера и тоа е дискутирано во неколку наврати“, истакна градоначалникот и најави интересна новина. Идејата е следната година дресот на МЗТ да биде дизајниран од некој локален – аеродромски уметник.

- Раководството на тимот сака клубот да биде поврзан со општина Аеродром и со граѓаните, а нас како раководство ни е обврска тоа да им го дозволиме, нагласи Муцунски во интервјуто.