Условна казна за гинекологот Асани, кој родилка го обвини дека ѝ ги извадил органите

Гинекологот Мухамед Асани доби условна казна затоа што во нелегална ординација во неговата куќа давал здравствени услуги, а една од пациентите била и родилката Јалдз Веапоска која подоцна остана без органи.

Асани ја дозна казната по првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а пресудата беше изречена во Основниот суд Струга.

Гинекологот не смее да направи ново кривично дело во следните четири години, зашто во спротивно ќе треба да заврши во затвор во временски период од две години.