Условна казна од 6 месеци за пејачот Ламбе Алабаковски

Пејачот Ламбе Алабаковски доби условна казна од шест месеци, откако призна вина за палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Македонскиот поп-пејач кривичното дело го стори во јуни годинава, а  сега е осуден на алтернативна условна осуда со казна затвор од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Тој се согласил на ваквата казна, а како што јавува медиумот „Нова Македонија“ по пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

По инцидентот во јуни, Основното јавно обвинителство Битола отвори постапка против пејачот, по што му беше изречен осумдневен притвор. По завршувањето на притворот, пејачот беше пуштен на слобода.