Услови за слаб дожд - Какво време ќе имаме овој понеделник?

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските и претпладневните часови во западните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 1 до 6 степени, додека максималната дневна ќе достигне меѓу 11 и 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаб дожд во делови од котлината во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне околу 15 степени.

Во наредниот период се очекува претежно стабилно време. Утрото ќе биде посвежо, додека преку ден ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.