Уште се трага по Елиф исчезната во поплавите

Повеќе од 20 дена трае потрагата по малата Елиф Фејзулаху од Сингелиќ, која исчезна во поплавата на 6 август.

Семејството  кое во поплавата го загуби таткото на Елиф, повеќе од три седмици нема никаква информација за детето.

Девојчето го барале во различни насоки, го „чешлале“ теренот, но без резултат.

Блиските велат дека потрагата по детето трае, иако обидите на полицијата, припадници на војската и многу доброволци за пронаоѓање беа безуспешни. Елиф е на возраст од 16 месеци.

Во невремето на 6 август во скопско се удавија 22 луѓе.