Уште од мали се учат дека до леб се доаѓа преку питачење, а не преку работење - деца питачи, секојдневие на скопските улици

Деца питачи ги има на секоја страна во главниот град, а особено онаму каде што е најфрекфентно. Таму се по цел ден. Уште кога се мали тие се во рацете на своите мајки, па и откако ќе пораснат нивниото место е на улиците.

Вероника е скопско Маџари. Таа секојдневно се среќава со голем број на деца питачи, особено наутро кога влегува во пекара за да си купи за јадење или пред некоја сендвичара.

-Секое утро кога тргам за на работа, најпрвин ме среќаваат на семафорите. Без разлика дали е месец јули или па јануари. Дали надвор е минус или пак има многу сонце. Децата се таму. Веќе ме научија. Знаат дека им дава по некоја паричка. Она што најмногу ме зачудува, е дали навистина стои некој зад овие дечиња. Секое утро кога купувам појадок, тие се до мене, и до то сите други кои влегуваат и излегуваат од таа пекара. Бараат парички со изговор да купат за јадење. Еден период почнав јас да им купувам по некоја кифла, бидејќи бев свесна дека парите нема да ги потрошат за јадење, а сиротите се гладни и жедни. Тоа беше група од 2-3 дечиња. Најпрвин се сложуваа со мене, јас да им купам за јадење, но после некое време беа едногласни дека не се гладни, и да им дадам парички за истите подоцна да ги искористат за јадење. Знам дека не е така. Сега, кога си го враќам филмот назад, се сеќавам јас кога им ја давав кифлата се вртеа, лево, десно дали некој ги гледа.

Вероника вели, дека еден ден била толку многу потресена од ситуацијата, па решила оваа иста приказна да ја сподели со надлежните со цел да испитаат за што станува збор.

-Но, залудно беше. Како одговор добив, дека јас не сум прва која пријавува таков случај, но дека надлежните си ја знаат својата обврска и се трудат да ги заштитат децата колку се во можност.

Жалосна е судбината на овие деца. Питачење уште од бебиња, па се до возразни. Тие уште од мали се учат дека до леб се доаѓа преку питачење, а не преку работење.