Уште неколку скопски улици денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. Стогово 23 б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со санација на дефектот. 

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на ул.Товарник бр.1 ќе има поврзување од стара на нова водоводна мрежа Ф-110мм (три водоводни чвора), општина Гази Баба.

Со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на дел од ул.Среќко Пужалка и нас.Камник од 08:30 часот до завршување на поврзувањето.