Уште колку години ќе треба да поминат овој народ да научи раскрсница да држи слободна и отворена?

Несовесни пешаци, но и возачи се дел од сообраќајот во Скопје. И тоа не е ништо ново! Овој пат на социјалните мрежи се појавија реакции за метежот на една од најфрекфентите скопски раскрсници. 

„Уште колку години ќе треба да поминат овој народ да научи раскрсница да држи слободна и отворена? И сообраќајната полиција кога конечно ќе почне да ги санкционира овие копита поради кои човек не може да помине ни ја зелено? Си има уредна казна за тоа....Не само банални казни да се штанцаат, повелете овде, имате секој момент за целодневна казни да извадите! Слатки и заслужени казни!“, стои во реакцијата на фејсбук станицата „Приказни од Булеварот“.