Уште едно паркче исчезнува од Аеродром - ќе се градат згради (фото)

Кај Тобако 2 во населба Аеродром вчеравечер почна да се урива паркот на чие место ќе се изградат згради.

-Сега Руди Чајевац од улица за 2000 жители, треба да опслужува 20000 жители... Зеленилото сведено на минимум, а инфраструктурата иста, градинката, школото и поликлиниката исти, се дел од коментарите на жителите на Аеродром.

На местото на маалското паркче во моментов се поставуваат тараби.

-Уште едно паркче се уништи, жално, вели Васко од Аеродром.