Најголемиот парк во Општина Аеродром на површина од 100.000 квадратни метри.
Покрај огромната површина парковско зеленило и садници, новиот парк содржи трим патеки, чешми за пиење вода, клупи, канти за отпадоци, летниковци, жардиниери, повеќенаменско спортско игралиште, две детски игралишта, хидрантска мрежа, како и осветлување со над 150 канделабри. Есенва се очекува во паркот да се насадат и околу 600 дрвца.