Уште едно место за рекреација и одмор, се гради голем градски парк во Скопје

Градскиот парк кој ќе биде втор по големина во Скопје се гради во скопската населба Ново Лисиче во општината Аеродром, покрај булеварот „Февруарски поход“ кај последната автобуска постојка покрај кејот.

Новиот парк е во близина на локацијата каде што е најавено дека ќе се гради рајски парк, а ќе биде наменет за сите граѓани кои таму ќе имаат можност за рекреација и за одмор меѓу зеленилото. Според очекувањата на инвеститорите, овој нов парк треба да е готов до следниот месец.

Паркот има игралиште за фудбал три помали летниковци, справи за физичка активност. Механизација и неколку десетици работници на терен кои укажуваа дека работа има уште.