Уште едно куче од „Лајка“ отпатува во Велика Британија

Уште едно куче од прифатилиштето на „Лајка“ отпатува за Велика Британија и беше вдомено.

-Својата радост не можеа да ја скријат и топло ја споделија со нас. Секојдневно ни испраќаат многу фотографии и видеа од заедничките авантури со нивниот нов член во семејството. Џош ги освои нивните срца уште од првиот момент, а ние сме пресреќни што веќе ја чувствува удобноста, топлината и љубовта на својот нов дом, стои во соопштението од „Лајка“.