Уште една седмица до зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 31. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку паредности.