Уште една несреќа на Нова година , изгоре ресторан во Скопје

Од засега непознати причини на 01.01.2018 година во 11:25 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, дошло до опожарување на угостителски објект, сопственост на Ќ.А. од село Кондово, скопско. 

Од МВР информираат дека од пожарот била опожарена инсталација на надворешен ѕид од помошна просторија, која се наоѓа на задната страна на угостителскиот објект.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипите на  Бригадата за противпожарна заштита.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.