Уште еден вардаров брак: Се венчаа поранешните ракометари на РК и ЖРК Вардар (ФОТО)

Спортскиот бренд Вардар во последниве неколку години донесе големи радости за сите фанови на црвено- црната боја.

Покрај успесите кои ги нижеа на спортските терени, машкиот ракометен тим стана европски првак, женскиот тим пет пати играше во Ф-4 турнирот од Лигата на шампионите, два пати беа и финалистки, фудбалскиот тим пак успеа да биде првиот македонски клуб кој влегол во групната фаза од европско натпреварување, вардаровото семејство беше и место каде што се родија многу љубовни врски, дел од нив крунисани и со брак веќе.

Последен пример се поранешните ракометар и ракометарка на Вардар, Стеван Вујовиќ и Сања Дамњановиќ сега веќе Вујовиќ.

 

09.07.2018.❤️

A post shared by Sanja Vujovic (@sanjadamnjanovic) on

Поради тоа што Стеван и Сања не се погодија во ист период да играат за вардаровите клубови, можеби и не бил Вардар причината за нивната љубов, но сепак тие се само уште едни кои играле за овие клубови, а завршиле во љубов.

Стеван беше дел од Вардар во два наврати, прв пат од 2007 до 2009 година, а потоа и во сезоната 2011-2012, додека Сања настапуваше за Вардар две години, од 2015 до 2017 година.

Инаку, вардаровото семејство спои неколку парови, како што се Јованка Радичевиќ и Костадин Захов, Сираба Дембеле и Игор Павловиќ, кои сега се во брак, Андреа Кликовац и Дарко Глишиќ, Филип Петковски и Олга Черноиваненко, а како пар во вардаровите клубови пак пристигнаа и Матија Кобетиќ и Андреа Пенезиќ.

 

09.07.2018.❤️

A post shared by Sanja Vujovic (@sanjadamnjanovic) on