Уште еден скопјанец со горко искуство од „Bin bin“: 360 денари од Централен регистер до Железничка

Уште еден скопјанец со горко искуство откако решил да се повози со тротинетите кои од минатата недела им се на располагање на граѓаните за изнајмување. Тој сподели дека поради апликацијата морал да плати 360 денари за возење од Централен регистер до Железничка.

Дали станува збор за уште една шема за финансиско касапење на недолжна клиентела?

- Драги пријатели, избегавајте ги услугите на Bin Bin тротинетите.Поради мојата радозналост имав тотално негативно искуство со истите. Во неделата после 00-00 часот ја активирав апликацијата и земав тротинет пред Централен регистер. Поради тоа што не можеше да развие брзина повеќе од 10 km/h го возев само 2 минути и го оставив под железничка. Со 10 km/h те касапат на минутажа. Една минута е 9 денари. 30 минути пробував да излезам од апликацијата. Иако не го возев, тајмерот си вртеше и си збираше пари. Тотален хорор за еден обичен Влаф. Префрлањето на пари во wallet-от беше блокирано. End ride не работеше, вели тој во својата фејсбук објава со цел и други да не бидат финансиски оштетени. 

- Телефонската поддршка не беше достапна (работи само до 23-00 часот). Го оставив без да го исклучам, немаше друга опција. Ми зарачунаа околу 360 денари дека сум им должен. 360 денари од Централен регистер до Железничка. За тротовите што ги фрлиле во река или контењер не жалете, осигурани се 100%. Уште една шема за финансиско касапење на недолжна клиентела... заклучува овој скопјанец во својата објава.