Уште еден скопјанец приведен заради затајување данок

54 годишник од Скопје е приведен поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“. 

Пријавата против него е поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Од МВР информираат дека пријавениот, во текот на 2021 на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и платил  данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход. Односно тој не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари.

За тој износ, 54 годишникот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.