Уште еден плоштад во Скопје се претвори во јавен паркинг

Уште еден плоштад во Скопје се претвори во јавен паркинг.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од кои може да се види дека и овој дел од центарот на главниот град, кај Дом на Ибни Пајко, се користи како паркинг простор. 

Иако на плоштадот има градежни активности и се поплочува несредениот дел од плоштадот што стоеше во руини со години, сепак дел од граѓаните го користат како јавен паркинг, за до институциите или за на кафе. На ваков начин (не)намерно се уништува плоштадот, кој служи како туристичка знаменитост, велат од фб групата „Патувања низ Македонија“.