Уште еден напад од кучиња скитници: Каснат млад скопјанец

Кучињата скитници не престануваат да дивеат во главниот град.

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 30 минути во Полициската станица Центар се јавил 22-годишниот С.Р. од Скопје и пријавил дека на 17.04.2018 година во 09 часот и 30 минути на улицата „Самоилова“ бил каснат од куче скитник за левата нога.