Уште две скопски улици денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на ул. Ресенска 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Струмичка и Ресенска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување со активностите.