На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Имајќи во предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Од УЈП велат дека најмногу годишни пријави има пристигнато во даночните одделенија во Скопје. Веднаш потоа се Штип и Битола, а по нив следуваат Прилеп, Тетово и Струмица. Од вкупно 400 илјади предвидени даночни обврзници досега годишна пријава поднеле само 140 илјади граѓани. Крајниот рок е до 15 март. Оние кои нема да достават ризикуваат да добијат казна од 200 евра.